Јас сум Натали Смилевска, сертифициран лајф коуч, хипнотерапевт, енергетски терапевт, исцелител на матката, коуч за читање од Акаша записи, Theta терапевт, која со страст, искуство, знаење и љубов им помага на луѓето да се ослободат од анксиозноста и стресот. Без разлика дали се бориш со секојдневни притисоци, се бориш со постојана грижа или се чувствуваш заглавен/а во обрасците на негативните мисли, јас сум тука да те поддржам да го вратиш твојот душевен мир и да живееш исполнет, среќен, автентичен и задоволен живот.
Знам како анксиозноста може да го преокупира твојот живот, оставајќи те да се чувствуваш закочен/а и немоќен/а.
Победи ја анксиозноста и живеј автентично и слободно.
Моето патување како Лајф коуч започна откако се соочив со прекумерен стрес и анксиозност. Имав секојдневна борба со негативни и загрижувачки мисли кои никако не можев да ги сопрам, тие мисли ги активираа моите стравови, а стравовите ги активираа паничните напади, срцебиењето, потењето на дланките и телото и чувството дека во секој момент ќе изгубам свест.
Долги години се вртев во тој круг од кој сама не можев да излезам, секој ден беше моја борба. Па затоа побарав помош преку едукации кои ќе ми помогнат да дојдам до слободата, мирот и задоволството во мојот живот.
Едукациите кои ги завршив до денес, ми помогнаа да се ослободам од анксиозноста, научив како да се справувам со секојдневниот стрес и како да го ослободувам, ја открив мојата автентичност и внатрешна моќ и добив мир, јаснотија, исполнетост и задоволство во животот, а со самото тоа почнав да ги остварувам моите животни цели со леснотија.
Мојот пристап
Со длабока верба во потенцијалот на секој човек, јас сум тука да те водам на твоето патување кон емоционалната слобода, бидејќи верувам дека вистинската трансформација започнува од внатре. Моите програми не се само за управување и справување со симптомите на анксиозност и стрес, туку се работи за создавање трајни и значајни животни промени.
Јас сум тука да те слушам, да ти помогнам, да те мотивирам, да те поддржам и да те поттикнам. Заедно, ќе работиме со алатки и техники кои ќе ти помогнат да го намалиш стресот и анксиозноста, да го подобриш твоето психичко, физичко, емоционално, спиритуално и енергетско здравје и да создадеш мирен, спокоен и исполнет живот.
Мојот пристап е холистички и сочувствителен, приспособен да одговори на твоите уникатни потреби и предизвици. Јас, имам знаење и искуство од различни докажани техники кои ги изучувам повеќе од 10 години за да создадам патоказ за твојот личен раст и развој.
Што можеш да очекуваш од нашите заеднички сесии
- Доверливост и доверба: секоја сесија е безбеден и доверлив простор каде што можеш слободно да се изразуваш. Тука сум да слушам без судење, и сè што разговараме останува приватно.
- Приспособен план: ќе работиме заедно за да создадеме план кој е дизајниран специјално за тебе. Без разлика дали ти треба помош за управување со анксиозност, ослободување од стрес или личен раст, твојот план ќе биде прилагоден за да одговори на твоите предизвици и цели.
- Тековна поддршка: помеѓу сесиите, ќе ти дадам алатки, ресурси и чекори што ќе ти помогнат да останеш на вистинскиот пат. Ќе бидам достапна за тебе доколку ти треба дополнителна поддршка или мотивација.
- Партнерство за соработка: Коучингот е партнерство помеѓу тебе и мене. Верувам дека ти си експерт за сопствениот живот, а мојата улога е да те водам и да те зајакнам. Ќе соработуваме заедно кон посакуваните резултати и да обезбедиме успех.
Ајде да го започнеме твоето патување денес!
