Добредојде, јас сум Натали Смилевска, Холистички терапевт за анксиозност и стрес
Ако се справуваш со секојдневен стрес, анксиозност, негативни мисли или ти треба водство за да поминеш низ тежок период во животот, јас сум тука да ти помогнам.
Ако си подготвен/а да живееш живот исполнет со мир, радост, автентичност, успех и баланс, заедно ќе создадеме персонализиран план за работа на целото твое битие, што ќе ти помогне да ја направиш посакуваната промена.
Преку персонализираната програма, ќе работиме на тоа да ги идентификуваме причините за анксиозноста и стресот и начини да се ослободиш од нив, ќе користиме техники за ослободување и контрола на твоите мисли и емоции, ќе изградиме здрави начини за справување со твоето секојдневие, ќе се ослободиш од се што те притиска, гуши и повеќе не ти служи.
Мојот пристап е исполнет со емпатија, разбирање и длабока посветеност на твојот раст – затоа што верувам дека имаш моќ да создадеш трајни позитивни животни промени и успех.
Зачекори во твојот бесконечен потенцијал
Персонализирана програма
Персонализиран 7-неделен програм за да го надминеш стресот, анксиозноста и блокадите што те држат назад. Преку комбинација на докажани техники, длабока внатрешна работа и индивидуален пристап, ќе те водам кон посмирен ум и живот исполнет со радост и хармонија.
Хипнотерапија
Преку водена хипнотерапија, 4-недели ќе работиме на длабоко ниво за да ги надминеш стравовите, да се ослободиш од деструктивни навики, да ги трансформираш несигурностите и да внесеш повеќе мир и самодоверба во твојот живот.
Самостојни курсеви
Подготвен/а си за промена, но сакаш флексибилност? Моите самостојни курсеви ти овозможуваат да научиш моќни техники за надминување на анксиозноста, стресот и несигурноста – во време и ритам што ти одговара.
Анксиозноста и стресот не треба да го контролираат твојот живот – вистинската слобода започнува кога ќе научиш како да ги надминеш.
Придобивки од работата со мене:
Ослободување од анксиозноста и стресот
Поголема самодоверба и лична моќ
Длабоко исцелување на сите нивоа
Повеќе јаснотија и фокус
Мир и внатрешен баланс
Живот исполнет со радост и леснотија
Контакт
Време е да го направиш првиот чекор кон смирен и балансиран живот. Заедно, ќе ги откриеме алатките што ти се потребни не само да се справиш со анксиозноста и стресот, туку и да напредуваш, без оглед на предизвиците во животот.
Ајде да ја започнеме твојата трансформација денес.
Контактирај ме, за да ја закажеш твојата бесплатна консултација.
